-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

СЗО: Повеќе од четири милиони луѓе во светот заразени со коронавирус за една недела

Најчитани вести

Повеќе од четири милиони луѓе се заразени со Ковид-19 ширум светот во изминатата недела, а повеќе од 64.000 починаа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

„Бројот на нови случаи на инфекција се зголемува повеќе од еден месец. Минатата недела се откриени повеќе од четири милиони”, се вели во неделниот билтен на СЗО.

Нагласено е дека „има извештаи за повеќе од 64 илјади смртни случаи”.

Според податоците дадени во билтенот, зголемувањето на бројот на заразени лица изнесува 3 отсто, додека бројот на смртни случаи е намален за 8 отсто.

Степенот на заразување се зголеми особено во текот на неделата во Источниот Медитеран (за 37 отсто) и Западниот Пацифик (за 33 отсто). Во исто време, пад е регистриран во Европа (за 9 отсто), и во Северна и Јужна Америка (за 3 отсто).

Во Европа, повеќе од еден милион луѓе се заразија со вирусот во текот на неделата, а повеќе од 8.000 починаа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com