-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

СЗО: Оставете ги границите отворени

Најчитани вести

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика денес државите да ги „остават границите отворени“ иако многу од нив ги укинаа летовите од земјите од југот на Африка поради ширењето на омикрон, новиот сој на коронавирусот.

„СЗО стои со африканските земји и повикува границите да останат отворени“, се наведува во соопштението на организацијата.

Се повикуваат државите да го одберат „научниот пристап“ заснован на „проценка на ризикот“.

„Клучно е земјите кои се транспарентни во објавата на податоците да добијат поддршка, тоа е единствениот начин на кој ќе обезбедиме на време да ги добиеме важните податоци“, наведува СЗО.

Мерките за укинување на летовите ги погодуваат економијата и туризмот и би можеле да одвратат некои други држави од намерата да објават откритие на нова варијанта на вирусот од страв од санкции со какви сега се соочи Јужна Африка, наведуваат јужноафриканските власти.

Бројни земји веќе ги ограничија патувањата од Јужноафриканската Република, вклучувајќи ги Британија, САД, Холандија, Катар, Кувајт, а најстроги мерки спроведува Израел кој најави затворање на границите за сите странци.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com