14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

СЗО одобри да се дава вакцина против маларија на децата во Африка

Најчитани вести

Светската здравствена организација(СЗО) го одобри давањето на првата вакцина против маларија на деца во Африка. Директорот на СЗО, Теодрос Гебрејесус рече дека станува збор за „историски момент“ во борбата против болеста што убива стотици илјади луѓе годишно.

Гебрејесус, на 6 октомври рече дека користењето на вакцината заедно со постојните алатки за спречување на маларија, како што се креветите со мрежа и прскањето против комарци, може да спаси десетици илјади млади животи секоја година.

Шефот на СЗО зборуваше по состанокот на кој две експертски советодавни групи од СЗО препорачаа давање вакцина на деца низ Африка.

„Денешната препорака нуди трошка надеж за [Африка], која го носи најтешкиот товар на болеста. Очекуваме многу деца да бидат заштитени од маларија и да израснат во здрави возрасни лица“, рече доктор Матшидисо Моети, директор на СЗО за Африка.

СЗО рече дека нејзината одлука во голема мера се базира на резултатите од тековната пилот-програма во голем обем во Гана, Кенија и Малави, во која беа следени повеќе од 800 илјади доенчиња кои ја примиле вакцината од 2019 година.

Вакцината е само околу 30 проценти ефикасна и нејзината заштита згаснува по неколку месеци, но научниците велат дека сепак може да има големо влијание.

СЗО вели дека 94 проценти од случаите на зараза и смртните случаи од маларија се случуваат во Африка, каде што живеат 1,3 милијарди луѓе. Оваа болест што ја предизвикува заразен комарец кога ќе касне човек убила 386 илјади луѓе од Африка во 2019 година, според проценката на СЗО.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com