Home » СЗО одби да го покани Тајван на своето годишно собрание

СЗО одби да го покани Тајван на своето годишно собрание

by Журнал.мк

Светската здравствена организација (СЗО) одлучи на собранието одржано вчера во Женева да не упати покана до Тајван да присуствува како набљудувач на годишното собрание на СЗО кое се одржува од 21 до 30 мај.

Кина и Пакистан се спротивставија на поканата до Тајван да присуствува на годишното собрание на СЗО како набљудувач, додека САД, Велика Британија, Франција, Австралија, Маршалските Острови, Белизе, Науру и Есватини, поранешен Свазиленд, го поддржаа присуството на Тајван, пишува „Гардијан“.

Министерството за надворешни работи на Тајван соопшти дека учеството на Тајван на седницата на собранието на СЗО е прашање на глобалното јавно здравје и ја критикуваше одлуката како неправедна.

„Не треба да се дозволи политиката да има предност пред професионализмот. Не само што е неправедно да се исклучи Тајван поради кинескиот политички притисок, туку претставува и сериозна закана за глобалното здравје“, се вели во соопштението на тајванското министерство за надворешни работи, пренесува „Танјуг“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk