-6.6 C
Skopje
Tuesday, January 19, 2021

СЗО: Британската корона-мутација досега потврдена во 50 земји

Најчитани вести

Мутацијата на коронавирусот, првпат откриена во Велика Британија, сега е потврдена во 50 земји. Како што објави СЗО , другата варијанта, првично докажана во Јужна Африка, досега се проширила во 20 земји.

Мутацијата на коронавирусот од Велика Британија за првпат беше пријавена во земјата на 14 декември. Светската здравствена организација во денешното соопштение образложи дека кај оваа варијанта на вирусот нема абнормалности во однос на распределбата на инфекциите спорет возрасната група и полот.  Меѓутоа утврдена е „поголема преносливост“ на вирусот.

Јужноафриканската варијанта првпат беше пријавена на 18 декември. И за оваа варијанта е „можно“ да биде пренослива во поголема мера, објави СЗО.

Инфекција со вирусната варијанта од Велика Британија за првпат беше откриена во Германија непосредно пред Божиќ, а инфекцијата со мутацијата од Јужна Африка е пријавена вчера од Министерството за социјални работи во Штутгарт.

Во днешното соопштение на СЗО  се осврнува и на неодамна откриената варијанта на вирусот во Јапонија, која, како што е истакнато, предизвикува загриженост. Колку повеќе се шири вирусот, толку повеќе можности ќе има за мутирање. Затоа, мора да се очекуваат натамошни мутации. СЗО истакна дека ширењето на мутациите е веројатно потценето бидејќи соодветните капацитети за истражување не се достапни насекаде.

СЗО објави дека новата варијанта, која беше откриена во Јапонија на 9 јануари, е пронајдена и кај четворица патници од Бразил – двајца возрасни и две деца. Бразилските истражувачи исто така известија за слична мутација, која се претпоставува дека се развила независно од варијантата пронајдена во Јапонија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести