9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

СЗО: Богатите земји да донираат вакцини, а не да ги користат како дополнителни дози

Најчитани вести

Високи претставници на Светската здравствена организација изјавија дека нема доволно докази за да се потврди дека е потребна трета доза на вакцина и денес повикаа вакцините да бидат споделени со сиромашните земји што сè уште не го имунизирале своето население, наместо богатите земји да ги користат за дополнителни дози.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, за новинарите изјави дека гротескната разлика во достапноста на вакцините во светот е поттикната од „алчноста“ и ги повика фармацевтските компании да им дадат приоритет на сиромашните земји во доставувањето на нивните антивирусни вакцини, наместо да лобираат кај богатите земји да користат уште повеќе дози.

Фармацевтските компании бараат одобрување за употреба на третата доза на вакцина во некои земји, вклучувајќи ги и САД.

„Сега свесно донесуваме одлука да не ги заштитиме оние на кои им е потребно“, рече Гебрејесус, нагласувајќи дека сега приоритет мора да биде вакцинирањето луѓе што сè уште не примиле ниту една доза.

Тој ги повика Фајзер и Модерна да вложат максимални напори за снабдување на глобалната програма за вакцини „Ковакс“, Африканскиот тим за набавки на вакцини и земјите со низок и среден приход со многу мала покриеност.

По десет недели пад на бројот на смртните случаи од коронавирусот, бројот на пациентите што умираат од ковид-19 повторно расте секој ден и екстремно заразниот делта-сој на вирусот носи „катастрофални бранови“, рече шефот на СЗО.

Ковакс, програмата за дистрибуција на вакцини во ООН, се распаѓа во последните месеци, програмата за вакцинација е стопирана во скоро 60 сиромашни земји, а нивниот најголем снабдувач на вакцини не може да достави дози пред крајот на годината.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести