21.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

СЗО бара Украина да ги уништи опасните патогени да не падат во руски раце

Најчитани вести

Светската здравствена организација ѝ препорача на Украина да уништ многу опасни патогени кои се чуваат во лабораториите во таа земја, за да спречи можно истекување.

СЗО истакна дека неколку години соработувала со украинските медицински власти за да помогне во промената на безбедносните практики.

„Во рамки на работата, СЗО силно му препорачува на Министерсвото за здравство на Украина и на другите надлежни органи да ги уништат посебно опасните патогени, за да се спречи евентуално протекување“, се наведува во електронското писмо кое ваа организација го упати до агенцијара „Ројтерс“.

СЗО сепак, не соопшти кога е дадена препораката, ниту ги коментираше информациите за видовите патогени или токсини кои се чуваат во украинските лаборатории.

Не е познато и дали препораките на СЗО се спроведени.

Претходно, заменичката на американскиот државен секретар Викторија Нуланд изјави дека во Украина постојат биолошки истражувачки објекти, како и дека Киев и Вашингтон сега работат на спречување материјалите кои се таму акумулирани да стигнат во рацете на руските сили.

Министерството за одбрана на Русија во реакцијата наведе дека со овие зборови Нуланд го потврдила учеството на Пентагон во воено-биолошките програми во Украина.

Министерството за одбрана на Русија претходно одржа презентација од која произлегува дека САД потрошиле повеќе од 200 милиони долари на работа во биолошките лаборатории во Украина , а кои учествувале во американската воено-биолошка програма.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com