17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Се јави менаџерот на Лукаку и испрати јасна порака до Интер

Најчитани вести

Од ден на ден се зборува се повеќе за желбата на Интер да го ангажира напаѓачот на Манчестер Јунајтед Ромелу Лукаку, но јасно е дека тој трансфер зависи од Мауро Икарди, односно реализацијата на неговиот трансфер во некој од заинтересираните клубови.

До тогаш, единствено што Интер може да понуди за Јунајтед е 20 милиони евра на име на двегодишна позајмица, со потенцијален откуп на договорот во 2021. година за 50 милиони.

Тоа на „Олд Трафорд“ веднаш го одбија, но менаџерот на Лукаку, Федерико Пасторело и синоќа престојуваше во просториите на Интер, преговарајќи со челниците на клубот.

По разговорот тој се обрати до новинарите, без добри вести, но со јасна порака до луѓето од Интер.

„И понатаму е тешка ситуацијата. Нема ништо особено ново, само беше во прашање разговор со директорот со цел во клубот да ја сфатат ситуацијата. Ќе видиме кои одлуки мора да се донесеат, но ако играчот сака да биде потпишан, тогаш и тие во клубот мораат да се движат во тој правец, кон него“, истакна Пасторело.

За конкретни бројки не сакаше да зборува.

„Морате да ги прашате луѓето од Интер. Лукаку го прогласија за цел во овој преоден рок, но поставувањето на цел не значи нужно и негово остварување“, заклучи Пасторело.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com