Home » Се чека одлука од Кризниот штаб и Владата за укинување на сите ковид-мерки

Се чека одлука од Кризниот штаб и Владата за укинување на сите ковид-мерки

by Журнал.мк

Се очекува деновиве најпрвин Главниот координативен кризен штаб, а потоа и Владата да се произнесат околу препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на сите рестриктивни мерки за справување со ковид-19. Во земјава има вкупно 503 активни случаи, а бројката на дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата е 309.434.

Поради намалување на бројот на новозаразени од ковид-19, во средата Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите рестриктивни мерки, освен задолжителното носење маски во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и домовите за стари лица.

Комисијата исто така испрати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Според надлежните, вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

Од Комисијата за заразни болести потенцираат дека на дневна основа ја следат состојбата со ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.

Инаку, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 124 случаи на ковид-19, од направени 1.798 тестови. Вчера беа регистрирани 114 оздравени пациенти, а немаше пријавено починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.015.726 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.434, бројот на оздравени пациенти е 299.653, на починати е 9.278. Бројот на активни случаи изнесува 503.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More