25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Се уште не е постигнат колективен имунитет, вакцинацијата останува најдобра заштита

Најчитани вести

Присуството на антитела кај невакцинираните испитаници се движи од 75 до 76 проценти,

додека кај испитаниците кои се вакцинирани нивното присуство е 85-86 проценти.

-Голем број од тие кои не се вакцинирани против Ковид-19 или прележале или дошле во контакт со вирусот, но тоа не значи дека е постигнат колективен имунитет, изјави вчера за МИА заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски.

Рендевски појасни дека сепак најрелевантен параметар се секојдневните анализи на бројот на

новозаболени, починати и хоспитализирани и врз основа на тоа се препорачуваат епидемиолошките мерки.

-Анализите во државава покажуваат дека во однос на овие три параметри моментално се наоѓаме во зелена фаза и според тоа се имплементираат соодветни епидемиолошки мерки кои се во корелација со зелената фаза. Анализите се следат на дневно и на неделно ниво и во зависност од одредено намалување или зголемување на овие параметри така би се планирале и идните епидемиолошки мерки, додаде Рендевски.

Во вчерашниот извештај од Институтот за јавно здравје регистрирани се 310 нови случаи со КОВИД-19, од кои 49 се реинфекции. Починато е едно лице, а дополнително се пријавени две лица, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин”, а оздравени се 284 лица.

Податоците на Институтот за јавно здравје за минатата недела, покажуваат дека е забележан раст од 0,9 отсто на новозаболени. Процентот на позитивност се движи од 6,6 до 14,2 отсто, просечно 11,4 отсто.

Намалување од 55,9 проценти има кај бројот на смртни случаи, а за речиси 40 отсто е помала бројката на хоспитализирани. На болничко лекување во моментов се 109 лица, од кои 49 се на кислородна поддршка, а тројца на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заменик-министерот за здравство повторно апелираше дека вакцинацијата против Ковид-19 е столб за

подобрување на имунолошката состојба и потсети за караванот за вакцинација против Ковид-19, што започна во Шуто Оризари, а денеска продолжи на плоштадот во Кратово.

Караванот има за цел да поттикне вакцинација во оние места каде е ниско нивото на вакцинираност и да ја промовира вакцината како начин на сигурна имунизација против вирусот.

Заклучно со 19 март, вакцинирани се вкупно 872.183 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19. Комплетно вакцинирани (со две дози) се 852.319 лица, а со трета доза 149.793 лица

Досега во земјава се направени вкупно 1.941.593 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 303.728, бројот на оздравени

пациенти е 292.628, на починати е 9.187, а на активни случаи изнесува 1.913.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com