Авион со 17 патници се урнал во близина на градот Гома на истокот на Конго, во несреќата загинале неколку лица, соопштила канцеларијата на локалниот гувернер.
Авионот на локалната компанија „Близи би“ се урнал за време на лет , информирал гуверрерот на Северно Кивуа, Нканака Касивита.
Сега се утврдува бројот на загинати лица, во авионот во кој имало 17 патници и членови на акипажот.
Авионските несреќи во Конго се честа појава поради непочитувањето на безбедносните стандарди и прописи и лошото одржување на леталата.
На сите комерцијални авио компании од Конго им е забрането да соработуваат со земјите од Европската унија.