Home » Се стравува дека 26-годишникот е киднапиран

Се стравува дека 26-годишникот е киднапиран

by Журнал.мк

Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, каде што го оставиле автомобилот, кажал дека го видел како излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имало тројца луѓе – вели Виолета Бошкоска.

На социјалните мрежи вчера беше објавен апел за пронаоѓање на Самоил Костадиновски, внук на политичарот Љубе Бошкоски. На 26-годишниот Самоил, според сведочењата, пред четири дена му се губи трагата, а полицијата соопшти дека работи на расчистување на случајот.

Сопругата на Бошкоски, Виолета, ја потврди веста и рече дека станува збор за нејзин внук од брат.

– Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, каде што го оставиле автомобилот, кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имало тројца луѓе. Потоа кажале дека тоа се случило во близина на чешката Амбасада, каде наводно бил префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен – изјави Бошкоска за порталот Ммс.мк.

Таа додаде дека семејството сè уште не ја знае причината за неговото киднапирање и оти Самоил не зборувал дома дека има проблеми.

Случајот вчера го потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

„На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26)“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР велат дека преземаат мерки за да се пронајде момчето.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk