Home » Се спушта завесата на фестивалот Охридско лето

Се спушта завесата на фестивалот Охридско лето

by Журнал.мк

Со претставата „Лагата“ во изведба на Белградскиот театар, се спушта завесата на најпрестижната културна манифестација во земјава фестивалот Охридско лето. И 63-то успешно издание во фестивалската историја впиша многу импресивни и возбудливи доживувања на врвни концерти и театарски претстави на автентичните локалитети во Охрид.

Тоа е уште една потврда дека е останува еден од најистакнатите културни настани во Европа и светот, впишан меѓу петте најдобри во Европската асоцијација на фестивали, велат организаторите.

„Реализиравме восхитувачки настани кои публиката ги проследи со огромна радост. За повеќето настани се бараше карта повеќе, бележиме 50 процентно зголемување на продажбата, а она што за нас е посебно значајно, е тоа што имаме рекордна посетеност на странската публика“, истакна Наташа Поповиќ директорка на фестивалот Охридско лето.

„Како што можеме да видиме од впечатоците на публиката ова беше едно ретко успешно издание што потврдуваат и интересите и продажбата на билетите за театарските претстави. Имавме навистина богата театарска програма“, вели Сања Арсковска драмски селектор.

Во претставата „Лагата“, вечерва на Античкиот театар настапуваат врвни актери, кои ја заведуваат публиката да гледа забавна и провокативна комедија за модерниот живот.

„Ова е прв пат белградскиот драмски театар да учествува на фестивалот Охридско лето, што навистина не импресионира бидејќи сметаме дека Охридско лето е навистина еден од најзначајните фестивали во регионот“, Југ Радивојевиќ директор на Драмски театар Белград.

„Опасна е претставата, но токму затоа е неопходна и важна. Она што како поука јас го извлеков од оваа претстава е тоа дека човекот за да може успешно да лаже тој мора своите лаги да ги интегрира во својот живот, да ги помни и да верува во нив“, вели Милош Биковиќ-актер главен лик во претставата.

Изминативе 40 дена над 1.000 уметници, актери, солисти, хористи, музички ѕвезди, оставија свој белег на 63-то фестивалско издание.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk