21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Се соблече за новата кампања и ги воодушеви сите со изгледот, но успеа да подготви сè и за големиот ден на нејзината ќерка

Најчитани вести

Манекенката Ирина Шајк објави нова фотографија од снимањето на кампањата на Шанел, а фотографите ја фатија и во друштво на нејзиниот поранешен сопруг Бредли Купер.

Ирина Шајк (35) успешно жонглира помеѓу кариерата на супермодел и воспитувањето на своето мало девојче што го има со поранешниот сопруг Бредли Купер, а оваа убавица ги изненади сите со својата последна кампања.

Имено, Ирина на Инстаграм објави фотографија од снимањето на новата кампања за Шанел, на која е комплетно гола. Интимните делови од нејзиното тело ги покрива само знакот на Шанел, но тоа беше доволно за сите да се согласат дека изгледа беспрекорно во секое издание. Доби низа комплименти, а веќе на почетокот на викендот, фотографите ја уловија во лежерно издание.

Ќерката на Ирина и Бредли, Леа, викендов го слави својот четврти роденден, а фотографите ги фатија гордите родители на пријателска прошетка низ Њујорк. Тие својата ќерка ја придружуваа во градинка, а судејќи според фотографиите, добро ја опремиле за роденденската забава со пријателите. Малата Леа носеше розов фустан и круна на главата, а изгледаше посреќно од кога било.

Ирина и Бредли беа заедно од 2015 до 2019 година, кога се шушкаше дека Бредли ја изневерува со пејачката Лејди Гага со која го снимаше филмот „Sвездата е родена“. Кон крајот на минатата година се шпекулираше дека парот се смирил бидејќи биле видени со нивната ќерка како шетаат и двајцата блескале и не престанувале да се смеат.

Шајк и Купер во неколку наврати коментираа дека раскинале мирно и останале во добри односи поради нивната ќерка. Манекенката сè уште работи со полна пареа, а нејзиното богатство се проценува на 25 милиони долари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести