7.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Се собираат донации за Албанија

Најчитани вести

Повеќе од 40 илјади евра се собрани преку мобилните оператори од повици на граѓаните, за помош на Албанија, соопштигенералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити. Стопанствениците пак собрале над 100 илјади евра, рече претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Неби Хоџа.

Хоџа вели дека веднаш по земјотресот имале состанок со стопанствениците и се мобилизирале и отвориле три пункта во Скопје, Тетово и Струга каде сите заинтересирани можат да донираат.

„Само за првите 24 часа се собрани донации од над 100.000 евра“, рече Хоџа.

Саити рече дека во Драч веќе престанува потрагата по преживеани, бидејќи нема ниедно лице што не се знае каде е и додаде дека сега активностите се треба да се концентрираат на расчистување на последиците од земјотресот. Ги повика граѓаните да донираат во парични средства, оти е полесно да се префрлат во Албанија, а за донациите во материјални средства потребна е посебна процедура за да се транспортираат.

Скопје е град на солидарноста, затоа и ние денеска да бидеме солидарни, порача заменик градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи на денешната иницијатива покрената од Паркленд групацијата „Преј фор Албанија-донирај“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com