11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

СЕ САНИРА СВЛЕЧИШТЕ Патот Струга – Дебар ќе биде затворен за сообраќај од 10 до 14 часот

Најчитани вести

Поради градежни активности за санација на свлечишта кај селaта Глобочица и Луково на регионалниот пат Струга – Дебар комплетно ќе биде затворен на овој дел од патот, секој ден од 10 – 14 часот во следните 6 месеци. Градежните активности кои се започнати од вчера ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com