10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Се разведе пејачката Славица Ќуктераш

Најчитани вести

Фолк-пејачката Славица Ќуктераш тајно се разведе од нејзиниот сопруг, фудбалерот Владо Аврамов, пишуваат српските медиуми. Тие велат дека причина за разводот е што долго време биле разделени. Двојката беше во брак пет години и ја имаат двегодишната ќерка Викторија.

Во медиумите подолго време се пишуваше дека не е сè во ред во бракот на Славица и Владо и дека тој наводно ѝ забранувал да пее. Но, нивни пријатели за „Ало“ изјавиле дека Владо ја поттикнувал да се врати на музиката. Па таа се вратила да живее во Србија, а Владо игра фудбал во Англија, и заради оддалеченоста, по неколку недели разговори, сепак решиле да се разделат.

„Бидејќи и двете страни почувствуваа потреба дека треба да се разделат, тие разговараа со недели. Мислеа дека станува за лош период, но им стана јасно дека нема повеќе емоции и дека треба да се разведат. Па така и беше, еден месец откако започнаа проблемите, тие се разведоа. Тие не сакаат нивната ќерка да не го трпи нивниот развод. Викторија ќе биде со нејзината мајка која на ниту еден начин нема да спречи таа да поминува време со нејзиниот татко,“ рекол изворот.

Ќуктераш, пак, не сакала да зборува за наводниот развод.

„Никогаш не зборував за сопругот и детето, а така ќе биде и сега,“ рекла таа за „Ало“.

Текстот Се разведе пејачката Славица Ќуктераш е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com