Home » СЕ ПРОМЕНИЈА СИМПТОМИТЕ НА КОРОНА ВИРУСОТ, ЗАБОРАВЕТЕ НА МИРИСОТ И ВКУСОТ: Ова се НОВИТЕ ЗНАЦИ дека сте позитивни, некои би ги игнорирале!

СЕ ПРОМЕНИЈА СИМПТОМИТЕ НА КОРОНА ВИРУСОТ, ЗАБОРАВЕТЕ НА МИРИСОТ И ВКУСОТ: Ова се НОВИТЕ ЗНАЦИ дека сте позитивни, некои би ги игнорирале!

by Журнал.мк

Корона вирусот повторно дивее, бројот на заразени се зголемува, а експертите предупредуваат на сосема нови симптоми.

Дека сè уште не треба да се опуштиме и дека ни се заканува нов бран, докажуваат загрижувачките бројки на новозаразени со корона вирусот. Тоа го поткрепува и тоа што за десет дена двојно се зголемил бројот на пациенти со Ковид во болниците, а се промениле и симптомите.

Високата температура, треската, губењето на мирис или вкус сега се поретки. Според податоците собрани од 17.500 луѓе кои тестирале позитивно на Ковид оваа недела, главниот симптом што укажува на вирусот е болки во грлото.

Освен тоа, во малку поголема мера се јавуваат засипнатост, кивање, замор, болки во мускулите и вртоглавица. Еве ги најчестите симптоми:

болки во грлото – 58 проценти
главоболка – 49 проценти
затнат нос – 40 проценти
кашлица без слуз – 40 проценти
течење на носот – 40 проценти
кашлица со слуз – 37 проценти
рапав глас – 35 проценти
кивање – 32 проценти
замор – 27 проценти
болки во мускулите – 25 проценти
вртоглавица – 18 проценти
отечени жлезди на вратот – 15 проценти
болка во окото – 14 проценти
промени во сетилото за мирис – 13 проценти
затегнатост во белите дробови – 13 проценти
треска – 13 проценти
потреси – 12 проценти
отежнато дишење – 11 проценти
болка во увото – 11 проценти
губење на мирис – 10 проценти
Оваа фреквенција на симптоми кај заразените се совпаѓа со наодите на други истражувачи. Научниците веруваат дека ова може да покаже како вирусот се менува и мутира.

Да потсетиме, новиот сој на корона има неверојатен број мутации и го доби „прекарот“ кентаур. Се појави во десет земји ширум светот, но најголем дел е во Индија. Светската здравствена организација сè уште не го нарекува причина за загриженост, а неговото име е кентаур BA.2.75.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More