Home » Се продава луксузниот стан во кој живееја Џони Деп и Амбер Херд

Се продава луксузниот стан во кој живееја Џони Деп и Амбер Херд

by Журнал.мк

Поранешниот луксузен стан на поранешната актерска двојка во центарот на Лос Анџелес моментално се продава за милион и 765 илјади долари.

Овој луксузен стан има 165 квадратни метри. Има една спална соба, две бањи и отворена дневна соба. Во рамките на зградата, станарите можат да го користат и базенот на покривот, спа центар, зен градината и фитнес студиото.

Инаку, Џони Деп претходно поседувал пет пентхаус апартмани на врвот на зградата. Сепак, по разводот од Амбер во 2016 година, актерот ги продаде за вкупно 12,78 милиони долари.

Да потсетиме, Џони Деп ја тужеше Амбер Херд за клевета, тврдејќи дека тоа му го уништило угледот и кариерата, бидејќи во една колумна објавена од „Вашингтон пост“ во 2018 година напишала дека трпела семејно насилство. Иако актерката не го спомна познатиот актер, оваа колумна привлече големо внимание, а Деп поради последиците ја поднесе споменатата тужба.

Судењето траеше шест недели, а конечната одлука беше во корист на Деп.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk