23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Се претставил како сопственик на фирма и измамил штипјанка за 90.000 денари

Најчитани вести

СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од с.Стајковци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „посебни случаи во фалсификување исправи“. Во периодот од август до ноември 2021 година, пријавениот измамил жена од Штип за сума од 90.000 денари.

Тој се претставил дека е сопственик и управител на градежна фирма од Скопје, која во тоа време била избришана од трговскиот регистар, и со неа се договорил да ѝ изврши градежни работи на нејзината куќа.

Р.С. земал аванс од 90.000 денари, но не ја завршил договорената работа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com