14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Се преврте турски автобус во Куманово, три лица повредени

Најчитани вести

Автобус со турски национални ознаки се преврте попладнево во Куманово, во населбата Долно Којнаре.

Порталот јавува за три повредени лица, а автобусот во моментот на излетувањето од патот, бил полн со патници.

Автобусот се исклучил од автопатот, и во миговите кога требало да продолжи по магистралниот пат кон Крива Паланка, излетал од патот.

„Според првичните информации, три лица се здобиле со полесни повреди, но одбиле лекарска помош“, велат од кумановската полиција.

На лице место е увидна екипа, како и Итна помош и Противпожарната единица, јавува СДК.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести