7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Се појави друга „Јавна Соба„ но овој пат со ромки, се објавуваат слики од голи девојки

Најчитани вести

Згрозени сме од последните случаи на сексуално вознемирување на жени и девојки Ромки на социјалните мрежи. Имено на 21.08.2021 година на социјалната мрежа Фејсбук се појави фан страна https://www.facebook.com/semmsuvada , на која се објавуваат компромитирачки и експлицитни приватни фотографии и видеа од истите за тие да се деморализираат и обезвреднат, се вели во реакцијата на Здружението „Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари.

– На истата Фејсбук страница на 06.10.2021 година е објавен повик за собирање на фотографии и видеа од жени и девојки Ромки со цел нивно објавување и како што е наведено во објавата „јавно прикажување на „нечесните жени“.(„Koj mangena shaj dena slike privatno te ubacina e nepostena manusen“) – велат од здружението.

На самите објави има приватни фотографии и видеа од Ромки кои што живеат во Република Северна Македонија, но и надвор од нашата држава, а на некои фотографии се видливи и нивните малолетни деца. Сите објави на гореспоменатата Фејсбук страница, предизвикува лавина од вознемирувачки коментари и говор на омраза од поединци, како и повици за јавен линч со што се повредува достоинството на Ромките чии фотографии се објавени.

– Токму поради сето ова, ги повикуваме жените кои се директно засегнати со овие објави, како и сите останати корисници на социјалната мрежа Фејсбук да ги пријават ваквите објави најпрво користејќи ги алатките за пријава на ваков вознемирувачки материјал на Фејсбук, а потоа да ја пријават ваквата злоупотреба до надлежните институции и/или до здруженијата на граѓани – се вели во реакцијата испратена до медиумите.

Оттаму ги повикуваат Министерство за внатрешни работи,Одделот за компјутерски криминал и Дигитална форензика, Основното јавно обвинителство, Агенцијата за заштита на лични податоци и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација веднаш и итно да постапат по допрен глас и да ги елиминираат овие штетни практики кои имаат за цел да ги нарушат достоинството и угледот на жените Ромки!

– Не смееме да дозволиме да ни се повтори случајот со „Јавна соба“! Како општество не смееме да го дозволиме вознемирувањето, злоупотребата на лични податоци и јавниот говор на омраза кон жените чија единствена цел е да се наруши дигнитетот и јавниот углед на жените Ромки – реагираат од здружението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com