9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Се појавија шокантни пораки со кои Роналдо го признава силувањето пред 12 години

Најчитани вести

По 12-годишен судски спор Кристијано Роналдо ќе биде ослободен од обвинението за силување на Кетрин Мајорга, пишува германскиот „Спорт1“.

Судијата е подготвен да ги отфрли обвинувањата бидејќи доказниот материјал бил собран на нелегален начин и тоа преку „Football Leaks“ програмата.

Станува збор за пораки кои ги разменувале Роналдо и неговиот адвокат кои поради нелегалното доаѓање до тие податоци, тие не можат да се користат на суд. Португалецот веќе се изјасни дека не е виновен, додека Мајорга бараше отштета од дури 200 милиони евра.

Силувањето се случило во 2009 година во Лас Вегас каде Мајорга работела како хостеса во еден ноќен клуб. Роналдо во Лас Вегас го прославуваше трансферот во Реал Мадрид, и во еден момент и испратил пијалок на Мајорга и ја повикал да се забавуваат во неговиот апартман. Роналдо никогаш не го негирашен сексуалниот однос, но тој тврди дека на тоа се согласила и Мајорга.

Една година подоцна, адвокатите на Мајорга и на Роналдо се договорија за непозната сума која фудбалерот ќе и ја исплати за случајот да не заврши на суд, но „Шпигел“ ја објави шокантната СМС преписка помеѓу Португалецот и неговиот адвокат.

„Таа ми кажа „не„ и повеќе пати ме молеше да престанам. Ми кажа дека не е за секс бидејќи само што се запознавме, но ме фати за пенисот. Долго не ја менував позата, а таа призна дека не сакала да имаме однос. Исто така, забележав и неколку модринки на нејзиното тело“, му напишал Роналдо на својот адвокат.

Оваа СМС преписка како и сличните одговори на Роналдо не смеат да се користат бидејќи не се набавени по легален пат и Португалецот најверојатно ќе се извлече.
„Ми кажа „не“ и повеќе пати бараше да престанам, а сега одговорот исто така и беше „не“. Ми рече: Идиоту, ме присили.. Ти си идиот. Ја не сум како другите“. Мојот одговор и беше дека ми е жал“, стои во документацијата која не смее да се користи во судскиот процес.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com