0.8 C
Skopje
Saturday, January 28, 2023

Се појавија нови снимки од Перез, овој пат ги навредува Роналдо и Мурињо

Најчитани вести

Синоќа беа извадени снимки од 2006 година во кои Перез ги навредуваше Раул и Касиљас, новите снимки на „Ел Конфиденсиал“ се од 2012 и се навреди кон Роналдо и Мурињо.

„Роналдо е луд. Дечкото е идиот, болен човек. Мислите дека тој е нормален, но не е нормален, ако не е така не би ги правел сите тие работи што ги прави. Свет, свет… Зошто мислиш дека ја прави таа глупава работа?“, е дел од снимениот разговор на Флорентино Перез, не се знае на што конкретно мисли, но јасни се навредите кон Роналдо.

„Мендеш не го командува него. Исто како што нема влијание и врз Мурињо. Нула, ништо. Дури и за интервјуа. Ништо, без заебанција. Овие луѓе имаат ужасно его, двајцата се разгалени, и тренерот и тој, и не ја гледаат реалноста, и двајцата би можеле да заработат многу повеќе пари ако беа поинакви. Овие двајца не се нормални, зборуваме за многу пари на полето на имиџ правата. Со тоа лице што го имаат, со тој пркосен начин, сите ги мразат… а ако јавноста не ве сака, не ве сака“.

Тука очигледно Флорентино Перез е бесен затоа што Роналдо и Мурињо немаат имиџ привлечен за сите фанови во фудбалот, како клубот а и тие би заработувале повеќе од имиџ правата.

„Коентрао е идиот. Тоа е еден од ефектите на Мадрид. Тој е еден од оние кои Реал Мадрид ги јаде. Во моменетов е срање и Мурињо е идиот… Не дека не знае да игра… Но е морон. Вози без возачка… Притисокот го изеде“.

Ова е дел од новите снимки кои „Ел Конфиденсиал“ ги пушта во јавноста, а кои му штетат на имиџот на Флорентино Перез и може да му ја разнишаат претседателската функција во Реал Мадрид.

Синоќа Флорентно Перез изјави дека снимките дури сега се вадат бидејќи некој сака да му се одмазди поради неговата идеја за Европска Суперлига. Но и да е така, мислењата на Перез за ѕвездите на Реал Мадрид остануваат, не се измислени, а тоа нема да им се допадне на Раул, Касиљас, Роналдо, Мурињо… но и на многу фанови на клубот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести