Поспана мечка успешно ја отворила вратата на автомобилот кој бил паркиран на патека пред куќата во близина на шумата во Саут Лејк Тахо, Калифорнија и заспала внатре.
Сопственикот на автомобилот, Адам Армстронг, спиел во својот дом, но неговата безбедносна камера пред куќата забележала неверојатна сцена која се случила околу 1:15 после полноќ, по локално време.
Како што може да се забележи на снимката, мечката излегува од шумата, доаѓа до автомобилот, а потоа лесно ја отвора вратата и влегува во возилото. Се сместува на задното седиште и тука одмора некое време.
