7 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

Се почести сообраќајки со моторџии: Тешко повреден мотоциклист на „Московска“

Најчитани вести

Скопје, 13 септември– Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклист откако синиќа доживеал судар со патничкото возило на улицата „Московска“ во Скопје. Несреќата се случила во 18.50 часот помеѓу патничко возило „Пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(49) од Скопје и мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.С.(46) од Скопје.

Полицијата соопшти дека повредениот мотоциклист веднаш бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да му се укаже лекарска помош.

За само два дена ова е втор случај на судар во кој е повреден мотоциклист. Завчера, во сообраќајна несреќа на крстосницата од булеварите „Трета македонска бригада“ и „Србија“ кога се судриле автомобил и мотор, повреден беше мотоциклистот. Неодамна пак, еден мотоциклист удри во група од четири жени кај гиманзијата „Орце Николов“ при што ги повреди. Друг мотоциклист, на пешачки премин во населбата Радишани удри во ученик кој во тој момент поминувал преку улицата…

Ваквите несреќи предизвика минатата недела да има зголемени полициски контроли на мотоциклистите.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести