Home » Се породи Џенифер Лоренс, глумицата за првпат стана мајка

Се породи Џенифер Лоренс, глумицата за првпат стана мајка

by Журнал.мк

Оскаровката Џенифер Лоренс и нејзиниот сопруг Кук Марони го добија своето прво дете. Засега тие не го открија полот на бебето, пренесе TMZ. Џенифер и Кук се заедно од 2018 година, а е венчаа една година подоцна тајно во луксузна вила.

На свечената церемонија присуствувале бројни познати лица како Крис Џенер, Адел и Ема Стоун. Тие наводно живеат во Њујорк, но често можат да се видат како шетаат низ Менхетен.

Гласините за бременоста на Џенифер се раширија уште минатото лето кога папараците ја снимија во Њујорк. Последен пат беше видена на премиерата на филмот на „Нетфликс“ „Не гледај горе“.

Таа беше во доцна бременост и тогаш не се знаеше кога ќе се породи. Таа на премиерата се појави во долг беж фустан покриен со златни бисери, а друштво и правеше Леонардо ди Каприо.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More