Пол Погба сепак остана на „Олд Трафорд“ иако во текот на целото лето се пишуваше за негово заминување, а ни самиот играч не криеше дека тоа е неговата желба.
Французинот најмногу се поврзуваше со Реал Мадрид иако подоцна се појави информација дека и Јувентус сака да го врати Погба.
Иако остана во Манчестер Јунајтед, Погба не е среќен што мора да игра за „Црвените ѓаволи“, а додека Реал полека се насочува кон други играчи, „Тутоспорт“ тврди дека Французинот во јануари би можел да заврши во Торино.
26-годишниот играч за врска мина четири години во Јувентус пред да се врати во Англија и не би имал ништо да направи кам-бек во Торино.
Се наведува дека Јувентус е подготвен да ги понуди Емре Џан и Марио Манџукиќ за Пол Погба во јануарскиот преоден рок.
Двајцата играчи се изоставени од списокот на фудбалери за Лигата на шампионите, а Манџукиќ инаку беше мета на Јунајтед ова лето, а според англиските медиуми, „Ѓаволите“ се заинтересирани да го доведат и во јануари.