36.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Се подготвуваат ли нови рестрикции? – Филипче најави дека ако се зголеми бројот на заразени во британскиот сој на Ковид-19, можно е да има нови мерки

Најчитани вести

Венко Филипче, министерот за ТВ24 рече дека се следи ширењето на новиот британски сој на ковид-19.

Филипче најави дека доколку се зголеми бројот на инфицирани лица има опција од воведување засилени рестриктивни мерки над постојните.

– Разговарав со претставници од британската амбасада кај нас, ја следиме ситуацијата, постојат две опции – или силниот бран се должи на мутацијата на вирусот, што значи дека ако значајно се зголеми бројот на случаи веројатно ќе треба воведување дополнителни рестриктивни мерки или едноставно станува збор за природен тек на епидемијата во тие земји, не само како резултат на мутацијата на вирусот, рече министерот за здравство.

Филипче вели и дека засега со овој процент на детекција на мутацијата на вирусот, нема потреба да се воведуваат нови рестриктивни мерки, но потенцираше дека будно се следи ситуацијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести