10.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Се повеќе деца во Словенија го учат македонскиот јазик

Најчитани вести

Расте борој на ученици во Словенија кои сакаат во основните училишта факултативно да го учат македонскиот јазик. Ако лани беа десетина, оваа година бројот на пријавени деца е зголемен, па во овој момент 56 основци од седум градови во Словенија го учат македонскиот јазик.

Најголем дел тоа се деца на нашинци кои живеат и работат во Словенија, но интересен е фактот што оваа година  првпат се запишале и ученици Словенци, кои сакаат да го запознаат и научат македонскиот јазик, а со тоа и македонската култура. Мотивот е најчесто пријателство, односно нивните другарчиња се Македонци.

Часовите ги држи наставничката Снежана Катарова, која неделно патува во седум различни градови да држи часови. Поради се поголемиот број ученици заинтересирани за учење македонски јазик, од Министерството за образование и наука на Македонија веќе се побарани средства за ангажирање на уште еден наставник.

Амбасадата на Република Македонија во Словенија, денеска организираше новогодишен прием за деcата кои учат македонски јазик. Амбасадорката Сузана Зеленковска им ги даде новогодишните пакетчиња, а тие за возврат направија мала новогодишна приредба.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com