26.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Се отстранува нелегално изграден објект под Кале

Најчитани вести

Секторот за инспекциски работи продолжува со отстранувањето на незаконски поставени и изградени објекти на територија на Општина Центар.

Со придружба на механизација се отстранува градба на улица „Лазар Личеноски“ бб во Општина Центар, објект кој се наоѓа веднаш под Калето. Од општината велат дека инвеститорот на објектот не постапил по претходното издаденото решение за самостојно отстранување на објектот и согласно член 59 и член 134 став 1 од Законот за градење и член 24 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, општината пристапи кон присилно отстранување.

Објектот кој денес се отстранува е објект од втора категорија, Б4 – деловен простор, изграден од армирано бетонска конструкција и блок тули, бил претходно делумно рушен со присилно административно извршување по решение на градежен инспектор.

Општина Центар и градоначалникот Саша Бодановиќ повторно упатуваат апел до инвеститорите да постапуваат по издадените решенија од Секторот за инспекциски работи на општината за отстранување на градбите, затоа што во спротивно, присилно ќе бидат извршени, а трошокот ќе падне на товар на инвеститорите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести