24 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Се откриваат виновниците за смртта на мигрантите: Уапсени уште осум лица поради камионот на смртта

Најчитани вести

Полицијата во Виетнам уапси 8 лица за кои се верува дека се вмешани во смртта на 39-те луѓе кои што беа пронајдени замрзнати во камионска приколка-ладилник во британски Есекс.

„Врз основа на сознанијата од осомничените, ќе отвориме истрага во борбата и искоренувањето на тие прстени кои илегално доведуваат луѓе во Велика Британија“, изјави шефот на виетнамската полиција Нге Ан за виетнамската новинска агенција „Нгуиен Ху Чау“.

Виетнамската полиција минатиот петок исто така уапси две лица и повика уште неколкумина на информативен разговор во врска со инцидентот во Велика Британија.

Британските власти исто така водат голема акција за откривање на криумчарите на мигранти, а британските пратеници исто така порачаа дека трагичната смрт на мигрантите кај Есекс треба да биде повик „за будење на владата“ да го преиспита својот пристап кон илегалната миграција.

Одборот за надворешни работи предупреди дека политиката насочена кон затворањето на границите од друга страна би можело да значи дека мигрантите ќе бидат одведени кон опасни рути и втурнати во рацете на криумчарите.

Инаку, британските власти неодамна потврдија дека сите жртви од камионот на смртта се од виетнамска националност, а веќе на Островот се уапсени неколку осомничени – Покрај главниот осомничен, возачот Морис Мо Робинсон од Северна Ирска, во врска со смртта на мигрантите уапсени се уште три лица, 38-годишни маж и жена од Ворингтон и 46-годишен маж од Северна Ирска

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести