5.8 C
Skopje
Saturday, March 25, 2023

Се омажи пејачката Леона Луис

Најчитани вести

Британската пејачка Леона Луис викендов се омажи со своето долгогодишно момче Денис Џауш. 34-годишната пејачка и 30-годишниот кореограф се венчаа во Италија. Според магазинот „Хелоу“, на свадбата биле поканети 180 гости. Невестата носела три фустани – еден за венчавката, еден за приемот на гостите, а за забавата носела едноделен костум.

„Подготвена сум за брак. Денис е најдобриот, највнимателен маж што сум го запознала во животот. Тој ми беше карпа кога имав подеми и падови“, рекла пејачката во едно скорешно интервју.

Јавноста ја запозна Леона како победничка на шоуто „Х-фактор“ во 2007 година, кога го издаде својот прв албум Bleeding Love.  Таа е и актерка, модел и активист за човекови права.Текстот Се омажи пејачката Леона Луис е превземен од Reporter.mk.

Најнови вести