25.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Се ожени најголемиот холивудски „силеџија“

Најчитани вести

Американскиот актер Двејн Џонсон „Карпата“ (47) објави дека завчера на Хаваите се оженил со долгогодишната девојка Лорен Хашијан (34), со која е во врска цели 12 години.

Популарниот „Д Рок“ ги изненади своите фанови на Инстаграм со серија фотографии од венчавката.

На една од фотографиите се гледа како Џонсон и неговата сопруга страсно се бакнуваат, додека на друга се прикажани со рацете кренати во воздух.

Двајцата на фотографијата што на Инстаграм ја објави холивудскиот „силеџија“ се облечени во бело и со многу цвеќиња. Двајцата имаат две ќерки на возраст од една, Тија и од три години, Џасмин, а Џонсон од претходниот брак со продуцентката Дени Гарсија има 18-годишна ќерка Симон.

По разводот од првата сопруга, Двејн и Лорен започнаа врска. Во декември 2015 година го добија првото дете, ќерката Јасмин. Во април, 2018 година објавија дека добија уште една ќерка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com