Американскиот претседател Доналд Трамп по првата фаза од годинешниот систематски преглед синоќа објави дека неговото здравје е „многу добро“.
– Се е многу добро -одлично! Ќе го завршам прегледот следната година – напиша Трамп на Твитер по прегледот .
Трамп се сретнал и со лекарите од болницата и им се заблагодарил за грижата за американските војници.
Познато е дека американскиот претседател не се воздржува од хамбургерите и оти не сака да вежба, па во 2017 година доби вишок килограми.