Матијас Де Лихт повеќе нема да биде фудбалер на Ајакс и тоа го потврди директор на клубот од Амстердам, Марк Овермарс.
Најбараниот млад играч во овој момент и досегашен капитен на Ајакс во наредните денови, а можби и часови ќе стане фудбалер на Јувентус.
Во трката за капитенот на холандскиот тим прв низ целта помина Јувентус пред Барселона и Пари Сен Жермен.
Преговорите помеѓу Ајакс и Јувентус траеле долго време и посредувал Мино Раиола, контроверзниот застапник кој одлично ќе заработи овој трансфер.
Стоперот кој допрва ќе наполни 20 години не сметајќи ги бонусите Јувентус ќе го чини 70 милиони евра и во договорот ќе има вметнатно и откупна клазула.
За реализација на трансферот се чека само уште една „ситница“ и тоа го потврди директорот на Ајакс, Марк Овермарс.