Во Градачац денеска започна тридневна жалост по крвавиот пир на фитнес тренерот и бодибилдер Нермин Сулејмановиќ, кој брутално ја уби својата невенчана сопруга и се пренесуваше во живо на Инстаграм. Покрај неа, уби уште две лица, татко и син, рани уште тројца, а по неколкучасовно бегство се самоуби. По грозоморното злосторство се огласи сестрата на убиената, пишува Дневник.хр Со заедничка слика на социјалните мрежи, Е.Г. на Фејсбук напиша Убава моја најдрага, сè уште не можам да верувам дека ова можеше да се случи. Најмногу те сака сестра ти – напиша на Фејсбук Е.Г. Сулејмановиќ неколку пати бил осудуван за разни кривични дела, а пред околу 15 години за обид за убиство. Во Градачац за денеска се најавени протести поради бруталните убиства.
Се огласи сестрата на убиената Низама: Сè уште не можам да верувам дека ова можеше да се случи
142