Home » Се огласи Дијабате и објасни зошто не одговара на повиците од Партизан

Се огласи Дијабате и објасни зошто не одговара на повиците од Партизан

by Lina Muslija

Фусени Дијабате по крајот на претходната сезона едноставно „исчезна“ од фудбалската мапа. Играчот кој настапуваше за Партизан откако му завршија обврските повеќе не се појави и ниту еднаш не се јави на повиците од клубот од Белград. 

Со месеци во српската јавност се пишуваше и се „трагаше“ по Дијабате, а сега по одредено време тој јавно зборуваше за медиумите во Франција. Фудбалерот нагласи дека од Партизан не го испочитувале првобитниот договор, па тоа е причина поради која не се јавува на тимските собири. 

„Прекинав секаква комунијација со Партизан. Се чувствувам бесно, бидејќи не го испочитуваа договорот кој го имавме кога дојдов како слободен играч. Освен проблемите со платата, планот беше да одиграм добра сезона и да заминам без натегање. 

Целта ми е да не бидам во судир со Партизан, туку да пронајдам решение кое ќе ми го олесни заминувањето“, изјави Дијабате.

Долго време Дијабате немаше контакт со Партизан, па сега обелодени за што се работи. Играчот сака да замине летово и подготвен е тоа да го направи и „присилно“, односно нема да се појавува на клупските собири.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More