36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Се огласиле од ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ: Разрешени сите недоразбирања и дилеми околу “АСТРАЗЕНЕКА“

Најчитани вести

Европската агенција за лекови (ЕМА) покренала истрага по повод наводите за можна поврзаност помеѓу вакцината на компанијата АстраЗенека и згрутчување на крвта кај лица кои ја примиле, но додала дека не постои зголемен ризик од создавање крвни згрутчувања после вакцинирање.

– Според достапните информации, број на тромбоемболиски појави меѓу вакцинирани луѓе не е поголем отколку во целата популација – се наведува во соопштението на ЕМА, пренесува британскиот “Гардијан“.
ЕМА додала дека и е јасно тоа што Данска го суспендирала давањето на оксфортската вакцина и дека во прашање е “мерки на претпазливост“

– Бенифитот од вакцината е поголем отколку ризикот – додале од ЕМА.

Од агенцијата, која повикала на суспензија поради претпазливост, истакнуваат дека моментално нема показателИ дека вакцината предизвикала несакани ефекти и дека може да продолжи нејзината употреба и дека комисијата за безбедност ги истражува случаите за појава на згрутчување на крвта.

ЕМА објавила дека моментално нема докази дека вакцината предизвикала здравствени проблеми и дека тромбозата не е наведена како потенцијална нуспојава од АстраЗеника вакцина, иако е следена.

Бројот на тромбоемболиските случаи кај вакцинираните лица не е поголем од број на заразени кај целокупната популација. Од 10 март 2021 година забележани се 30 случаи на тромбоемболиски појави кај 5 милиони вакцинирани луѓе со АстраЗеникла вакцина против ковид-19 во Европскиот економски простор – порачала ЕМА.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести