Косовската полиција најави дека ќе го намали за 25 насто присуството во и околу општинските објекти на северот на Косово. Одлуката е донесена по проценка на безбедносната состојба со мисијата КФОР и ЕУЛЕКС. Ситуацијата на северот стана тензична на крајот на мај, откако локалните Срби се спротивставија на влезот на нови албански градоначалници во северните општини – Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. Тие не ги прифатија градоначалниците иако ги бојкотираа изборите.
Се намалува присуството на полицијата на северот на Косово
134