Home » СЕ НАДЕВАМ ПЕТКОВ ЗНАЕ ШТО ПРАВИ Радев не знае зошто се протерани руските дипломати од Бугарија

СЕ НАДЕВАМ ПЕТКОВ ЗНАЕ ШТО ПРАВИ Радев не знае зошто се протерани руските дипломати од Бугарија

by Журнал.мк

Претседателот на Бугарија Румен Радев, го коментираше протерувањето на руските дипломати од Бугарија.

– Не можам да разговарам за ова прашање бидејќи ги немам потребните информации. Се надевам дека премиерот во оставка Кирил Петков има издржани и веродостојни информации за оваа одлука и добро ја разгледа и по обем и по последици – изјави Радев.

Вчера, премиерот во оставка Петков објави дека се протеруваат 70 руски дипломати кои работеле во Бугарија, за кои тој рече дека работеле за тајни служби, а дипломатската работа им била покритие.

Денеска конзуларната служба на руската Амбасада во Бугарија и Генералниот конзулат во Варна ја прекинаа својата работа. Исто така, денеска и Генералниот конзулат во Русе ќе престане со работа и ќе биде затворен еден месец.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More