4.8 C
Skopje
Wednesday, October 20, 2021

Се мажи најпознатата порно ѕвезда: Миа Калифа во венчаница

Најчитани вести

Најпознатата порно ѕвезда во пензија, Миа Калифа, на својот Инстаграм профил објави фотографија во венчаница.

Либанонката во март се сврши со шведскиот шеф Роберт Сандберг во Чикаго, а ова и е втор парк. На 18 години се венчала со љубовта од средно школо, но тој брак не издржал.

– Поранешниот сопруг беше љубоморен – рекла таа тогаш додека се уште била светски позната порно ѕвезда. Со Роберт бракот, се надева Миа, ќе потрае додека смртта не ги раздели.

Иако е во пензија веќе неколку години, фановите се надеваат дека Миа се шегува и дека кога- тогаш ќе се врати во светот на порнографијата.

– Луѓето мислат дека сум заработила милиони од порно филмови, а вкупно имам заработено 12.000 долари во таа индустрија и немам видено ниту долар потоа. Наоѓањето на нормална работа, откако престанав да снимам еротски видеа, беше страшно – раскажала Миа.

Калифа стана едно од најзвучните имиња на порно индустријата, а работеше три месеци во период од 2014 – 2015 година.

– Да расчистиме, никогаш не ми ветија милиони, ниту ги очекував – додала.

Таа престана да снима откако почнала да добива смрттни закани.

– Се отиде по ѓаволите кофа ИСИС започна да ми прети. Тогаш одлучив да прекинам. Штом станав популарна, си реков треба да побегнам од ова. Тоа и онака не е нешто што би сакала да го работа. Само сакав да си одам – раскажала Миа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com