30.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Се изврти камион на превојот Стража, сообраќајот во прекин во двата правци

Најчитани вести

Голем камион се изврте во близина на Ново Село на превојот Стража, при што сообраќајот е во прекин во двата правци, јавува репортерот на ТВ21 од терен.

Се чека полицијата да дојде, а прекинот е веќе половина час. Се создаде и огромна колона на возила и од правец од Кичево кон Гостивар, и обратно.

Се очекува во скоро време сообраќајот да биде нормализиран.

Врнежите од снег и голомразицата придонесуваат за отежнати услови за возење на сите превои низ земјава. На овој превој изминатиот викенд имаше забрана за тешки товарни возила.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести