8.8 C
Skopje
Saturday, November 27, 2021

Се зголемува смртноста кај младите невакцинирани пациенти во Црна Гора

Најчитани вести

Од појавата на делта варијантата на коронавирусот, бројот на заразени кај помладите луѓе расте, а со тоа и бројот на сериозно болни, што доведува до зголемена смртност кај овие пациенти, вели началникот на Пулмологија и лекар во црвената Ковид зона на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) Владимир Јовановиќ.

Тој за Радио Слободна Европа (РСЕ) наведува дека од почетокот на вакцинацијата во мај оваа година до денес, само во ККЦГ веќе починале 15 пациенти со Ковид на возраст од 19 до 50 години.

Според Институтот за јавно здравје, само 37,9 од вкупното население ја примило втората доза на вакцината. Масовната вакцинација во Црна Гора започна на 4 мај.

Официјалните податоци покажуваат дека Црна Гора е на второ место по смртност од Ковид-19 во регионот, веднаш зад Северна Македонија.

Во Северна Македонија се регистрирани 336 смртни случаи на 100.000 жители, 324 во Црна Гора, 319 во БиХ, 223 во Словенија, 219 во Хрватска, 165 во Косово, 132 во Србија и 99 во Албанија.

Во Црна Гора, според најновите податоци, 2.050 луѓе починале од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com