Пред почетокот на Европското првенство во шпанската фудбалска репрезентација има нов позитивен фудбалер на ковид-19, по Серхио Бускетс, сега коронавирус има и Диего Љоренте.
Утринава шпанската фудбалска репрезентација објави дека и централниот дефаназивец Диего Љоренте е позитивен на ковид-19.
Фудбалерот веднаш ќе го напушти националниот камп и ќе оди во изолација според сите здравствени протоколи.
Ова е нов удар за Шпанците ако се знае дека претходно Серхио Бускетс поради коронавирус мораше да оди во изолација.
Во Шпанија се стравува дека бројот на позтивни фудбалери на ковид-19 може да се зголемува во наредните денови.