7 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Се зголеми бројот на жртви од ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд

Најчитани вести

Бројот на загинати во ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд се зголеми на 19, откако синоќа почина уште едно лице во болницата во Окланд, соопшти локалната полиција.

Во моментот на ерупцијата на вулканот на 9 декември, на островот имало 47 лица, од кои 13 починале веднаш, додека повеќе од 20 беа хоспитализирани со изгореници, пренесе „АП“.

Досега не се пронајдени тела на две лица за кои постои сомнеж дека исчезнале во морето по ерупцијата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести