Home » „Се заљубив во неа уште првата секунда кога ја видов“ – Ова е жената со која Анџелина Џоли сакаше да се омажи (фото) 

„Се заљубив во неа уште првата секунда кога ја видов“ – Ова е жената со која Анџелина Џоли сакаше да се омажи (фото) 

by Lina Muslija

Анџелина Џоли со години беше љубовница на актерката Џени Шимица, во која се заљуби штом ја запозна.

Денес, нејзината поранешна девојка е среќно мажена за бренд консултантот Мишел Харпер, пренесува Noizz.

– Да не се омажев за мојот сопруг тогаш, ќе се омажев за Џени. Се заљубив во неа во истата секунда кога ја видов – рекла еднаш Анџелина. Нивната врска траеше и додека Анџелина се гледаше со мажи, а дури во 2003 година таа јавно проговори за својата бисексуалност.

Џени беше супермодел, актерка и заштитно лице на Келвин Клајн CK1 и е првата Азијка која работеше за Прада на Модната недела, а  глуми во Foxfire, Itty Bitty Titty Committee и Dante’s Cove.

Таа е среќно мажена, а нејзината венчавка ја пренесоа сите водечки американски медиуми.

– Никогаш не сум почувствувала дека сум толку стара, сѐ уште не се чувствувам така. Не можам да објаснам зошто отсекогаш се чувствував така, но веројатно искуствата и развојот ми беа поважни отколку да бројам години – рече таа и откри дека на 26 години луѓето веќе ја повикувале да почне да лаже за нејзините години бидејќи била премногу стара за модната индустрија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More