Home » Се затвора најпознатиот британски свингерски клуб: Никому не му пречевме, вели сопственикот

Се затвора најпознатиот британски свингерски клуб: Никому не му пречевме, вели сопственикот

by Журнал.мк

Наскоро ќе се затвори The Attic во градот Дерби, еден од најпознатите свингерски клубови во Велика Британија. Тој има околу 20 вработени, 43 специјално опремени соби за уживање, кино за возрасни, а често и до 500-тина гости циркулираат дневно. Но, зградата во која се наоѓа е продадена и клубот доколку сака да продолжи со работа мора да најде нова локација.

„Луѓето од Шкотска, Англија, Велс, Ирска доаѓаат кај нас со години. Имаме двојка од Франција која нè посетува еднаш месечно. Ние сме инклузивни и имаме посебни ЛГБТК вечери. Овде сите возрасни, без разлика нивните сексуални преференции, отсекогаш биле добредојдени. Ако не најдеме нова локација, ќе мораме да го затвориме клубот засекогаш. Тоа ми го крши срцето. Се обидовме да договориме нешто преку градскиот совет, но засега без успех. Вложивме многу труд за се ова“, изјави сопственикот Рон Ротвел (75) за Дејли Стар.

Тој објаснува дека му понудиле помош и членови на клубот, а корисниците постојано прашувале за иднината на The Attica. Клубот организира тематски вечери и има многу јасен кодекс на однесување. Повеќето вечери е невозможно да се влезе во клубот ако сте сами, а билетот за просечна вечер е околу 13 евра.

„Знам дека ова не е за секого, но луѓето што дојдоа кај нас беа среќни. Никому не му пречевме“, заклучил несреќниот сопственик.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk