20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Се запали патнички автобус на автопат во Бугарија

Најчитани вести

Министерството за внатрешни работи поради инцидентот го затвориле автопатот во двата правци. Сообраќајот се пренасочува преку населбата „Долно Езерово“ и надвозникот на продавницата „Џамбо“, јавуваат бугарските медиуми.

Автобусот, сопственост на фирмата „Бургас Бус“ бил ангажиран за „повремен превоз“ до Ајтос. Во него имало околу 50 лица, соопшти полицијата. Според првичните податоци, пожарот избувнал од задниот дел на возилото, каде се наоѓа моторниот простор. За неколку минути возилото целосно изгорело.

Возачот и патниците успеале да излезат и нема повредени.

На местото на настанот се испратени екипи на полицијата и противпожарната бригада. Пожарот е изгаснат. До завршување на увидот, сообраќајот во правец кон Софија ќе го регулираат екипи на сообраќајната полиција само по брзата лента, јавуваат бугарските медиуми.

На истиот автопат „Тракија“ вчера се преврте автобус со деца од Србија ,а минатата година, во ноември,изгоре македонски автобус , во кој загинаа 46 патници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com