Home » Се запали домот на Рио од „Каса де папел“, глумецот скокнал низ прозорецот за да се спаси

Се запали домот на Рио од „Каса де папел“, глумецот скокнал низ прозорецот за да се спаси

by Журнал.мк

Глумецот Мигел Херан, познат како Рио од хит-серијата „Каса де папел“ објави видео од неговиот дом кој гори и откри дека се спасил од пожарот откако скокнал низ прозорецот.

„Пожарот почнал додека спиев, а се разбудив од звукот додека гореше мојата куќа. Избегав низ прозорецот од својата соба“, рекол тој за локалните медиуми.

Иако пожарникарите брзо го изгаснале огнот, Мигел вели дека голем дел од неговиот дом е уништен, како и скоро сите негови лични работи. Тој објави и видео на кое плаче и извикува: „Не можам да верувам дека ова се случува“.

Мигел живее во Авила, град кој се наоѓа околу 100 километри северозападно од Мадрид. Засега не се знае причината за избувнување на пожарот во станот на глумецот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More